Во ек на скандалот со наводните расистички навреди упатени кон Винисиус на мечот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, сега Кралскиот клуб се најде на удар и под обвинение за расизам. Причината е дефанзивецот Дин Хујсен, кој на социјалните мрежи објавил шеговита фотографија, но таа е протолкувана како навреда за луѓето од Азија и расистичка, па од Реал Мадрид мораше јавно да се извинат и тоа на кинески јазик. „Искрено им се извинуваме на нашите ...
Фудбалерот на Бенфика Џанлука Престијани привремено е суспендиран и нема да биде на располагање на Жозе Мурињо за реванш дуелот против Реал Мадрид в среда за дуелот од Лигата на шампионите. Аргентинецот е обвинет дека за време на првиот дуел од 1/16 финалето расистички го навредувал играчот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор. Од Бенфика реагираа веднаш дека ќе се жалат, иако се сомневаат дека жалбата ќе има некое влијание. Навредите стигнаа кога ...

