Откако се одиграа сите натпревари заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Суперлига на Македонија. Пред продолжувањето на сезоната во кое најдобрите шест екипи ќе одиграат по еден меч секој против секого како би си обезбедиле подобра позиција пред разигрувањето за титулата, број 1 му припаѓа на ТФТ кој и покрај убедливиот пораз од Тиквеш 102-74 успеа да го задржи врвот. За тоа најмногу му помогна актуелниот шампион МЗТ Скопје ...
Екипата на Тиквеш е најголемиот добитник по 22-рото коло, последно од регуларниот дел на кошаркарската Супер лига. Кавадарчани на домашен терен славеа над лидерот ТФТ со убедливи 102-74. Екипата од Тафталиџе и со пораз остана на првото место, а неочекувано загуби и второпласираниот МЗТ Скопје и тоа од Чаир со 76-68. Најпријатното изненадување е дебитантот Маџари, кој финишираше на четвртата позиција, откако вечерва го победи тимот на Ангели ...

