Словенечката полиција пронајде маж кој ја „извади“ главата од споменикот на Јосип Броз Тито во Велење, а потоа ја натовари во багажникот на автомобил и си замина. Од Полициската станица – Целје изјавија дека виновникот е 49-годишен Словенец кој имал две различни хрватски регистарски таблички на својот автомобил. „Вечерва, граѓанин на Велење се јавил во полициската станица и пријавил дека видел маж во близина на музичкото училиште како товари ...
Во текот на ноќта во Велење е вандализирана статуата на Јосип Броз Тито, еден од најпрепознатливите симболи на градот, јавува РТВ Словенија. Непознато лице ја отсекло главата од шестметарскиот бронзен споменик на скулпторот Антун Аугустинчиќ, поставен на централниот Титов плоштад. Отсечениот дел од споменикот бил пронајден во багажникот на „Шкода Кодијак“, со која управувал 49-годишен маж од околината на Велење. Тој бил уапсен под сомнение за ...

