Пофалници добија и математичарите Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Марко Серафимовски, додека Бранко Јангеловски исто така успешно се претстави на олимпијадата, придонесувајќи за силниот тимски настап. Македонското учество беше организирано од Сојузот на математичари на Македонија, а тимот го водеа менторите Илија Јовчески од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Мирко Петрушевски од Машинскиот факултет. ...
Охрид, 19. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Леонид Тодороски беше дел од македонскиот тим кој настапи на 66. Интернационална математичка олимпијада во Австралија и постигна забележителни резултати со освоени злато, сребро и три пофалници. Годинава, најпрестижниот светски математички натпревар, 66. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2025), се одржува во Саншајн Коуст, Австралија, во периодот од 10 до 20 јули. Ова е 33. учество на ...