Најважното прашање за кое се разговарало, рече, е издвојувањето од 3,5 проценти од БДП за наредните десет години преку буџетот на Министерството за одбрана, за што бил презентиран план како да се стигне целта, што директно ќе се вложува во Армијата и каква опрема ќе се купува во наредната деценија. За ТВ Сител Мисајловски рече дека Армијата ќе добие многу нова опрема и дека на состаноците се разговарало таа да се купува директно од САД, за ...
Историски години и нова ера ќе следува за македонската Армија, стотици милиони, па и милијарди евра за модернизација. Македонската Армија ќе биде на повисоко ниво и со неа ќе се гордееме, ќе биде модерна армија со многу голема огнена моќ, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски, зборувајќи за придобивките за државата во областа на одбраната и безбедноста од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави што се одржа оваа недела ...
Добивај вести на Viber Mинистерот за одбрана Владо Мисајловски оствари значајни средби во Пентагон. Мисајловски се сретна со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман, при што е потврдено дека стратешкото партнерство и билатералната соработка во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. На средбата беше нагласена заедничката определба за понатамошно продлабочување на соработката, со цел зајакнување на ...

