Македонската кадетска ракометна репрезентација продолжува со позитивниот тренд, а селекторот Горан Кузманоски е задоволен од настапот на своите избраници и посветеноста која ја покажале во текот на подготовките и Европското првенство. Македонија одигра осум натпревари на високо ниво, забележа пет победи, а во последниот меч триумфираше со убедливи десет гола разлика. Дополнително, нашата селекција обезбеди пласман на Светското првенство во ...

✍️Марија Ковачева Македонската кадетска репрезентација го освои 9-тото место на Европското првенство кое денеска завршува во Белград. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски токму од главниот град на Србија испратија порака дека Македонија има светла иднина. Денеска, нашите надежи славеа против Израел со убедливи 39-29 благодарение на фуриозната игра во второто полувреме, период во кој кадетите блескаа. Ова беше петти триумф во низа ...