Матео Гендузи денеска и официјално си замина од Лацио откако римскиот клуб претходно ги договори сите детали од договорот со Фенербахче. Турскиот клуб ќе плати 28 милиони евра за францускиот играч за врска, кој синоќа по дуелот со Фиорентина се збогуваше со навивачите, за утрово да се појави видео-снимка како ја напушта својата куќа и се упатува кон аеродромот во Рим. Тренерот Сари не криеше дека во Гендузи гледа лидер на средината на ...

Во Рим и понатаму се анализира ремито меѓу Лацио и Фиорентина 2-2, но далеку поголемо внимание од самиот резултат привлече темата околу новото засилување на римскиот клуб, Петар Ратков. Како што стојат работите, Лацио ја завршил работата околу доаѓањето на српскиот напаѓач, кој наскоро треба да потпише договор во трансфер вреден 13 милиони евра како фиксна исплата, плус уште два низ бонуси од Салцбург. Сепак, по натпреварот на „Олимпико“ ...