Претседателот на црногорската Влада, Милојко Спајиќ, од Париз порача дека поддршката од Националното собрание на Франција е од клучна важност за ратификација на пристапниот договор на Црна Гора со Европската Унија, јавува Анадолу. Обраќајќи им се на парламентарците на француски јазик, Спајиќ истакна дека односите меѓу Црна Гора и Франција не се само пријателски туку стратегиски, засновани врз меѓусебна доверба, континуиран политички дијалог ...

Франција ѝ дава „неограничена политичка поддршка“ на Црна Гора во завршната фаза од процесот за членство во Европската Унија. По работната посета на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на Елисејската палата во Париз во средата попладне, претседателот Емануел Макрон истакна дека „Франција стои на страната на Црногорците за да ги придружува на нивниот пат кон европската интеграција“. Во минатото, Париз го забавуваше пристапниот процес и ја ...