Оваа сезона Пелистер има остварено две победи над Брера, но и двата натпревари се играни минатата сезона. Во пресрет на ова трето соочување, шефот на стручниот штаб на Пелистер, Марјан Секуловски, воопшто не се потпира на историјата. “Искрено, минатите резултати не ми значат, според мене доволно е да се погледне табелата и да се види против кој тим всушност ќе играме. Тоа е квалитетен противник што има четири бода повеќе од нас, а тоа става ...

Битолски Пелистер минува низ тежок период од сезоната очекувајќи го секој натпревар под голем психолошки товар во битката за опстанок. „Зелено-белите“ успеаја да го совладаат директниот ривал Македонија ЃП и понесени од надежта за спас од опасната зона, денеска патуваат за Струмица на дуелот од 29. коло против АП Брера од 16 часот. „Очекуваме тежок натпревар против АП Брера, екипа која игра дисциплинирано и знае да ги користи шансите. Ќе мора ...