Министерот Трипуновски и „поддршката“ од партиските здруженија: Класична фасада за уништување на малите земјоделци „На денешниот состанок од земјоделските здруженија ја добив поддршката за реформите што ги започнавме. Фокусот е финансиската поддршка да биде насочена кон вистинските земјоделци… Продолжуваме со реформи за продуктивност, конкурентност и одржливо земјоделство.“ Оваа изјава е чиста пропаганда, маскирана како грижа за секторот. ...

„На последната средба што вчера се одржа во Министерството, на која учествуваа повеќе од 30-тина земјоделски здруженија и земјоделци, беше изразена поддршка за започнатите реформи во делот на субвенционирањето. Присутните ја поздравија насоката на измените, нагласувајќи дека за првпат вистинските и активни земјоделци се ставаат во фокусот на приоритети“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при ...