Околу и по Водици Македонија ќе влезе во нов влажен и ладен период. Во ваква ситуација повторно се очекува појава на врнежи, повремено пообилни и тие ќе бидат од дожд и од снег а повремено ќе врне и само снег и се очекува ново формирање и проширување на снежна покривка во Македонија, според прогнозата на Славчо Попоски. До тогаш останува претежно стабилно и суво време со услови за појава на магла и на ниска облачност по котлините како и со ...
Во петок на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Утринските температури се движат минус 6 до 1, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 6 и 13 Целзиусови степени. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од ...

