По вчерашното невреме кое го зафати Скопје и околината, вкупно 22 лица се јавиле за преглед во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. – Двајца се примени на болничко лекување. Еден е опериран во ноќните часови со скршеница во шаката. Вториот е турист, странски државјанин повреден при пад на дрво, кој е со повреда во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман – изјави директорот Небојша Настов. По ...

На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ помош по вчерашното невреме побарале 22 пациенти, од кои двајца се на болничко лекување, а на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) 11 лица, од кои тројца се со посериозни скршеници. Од 22 пациенти во „Св. Наум Охридски“, двајца се примени на болничко лекување, другите се ...