„Сите идни нови приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки, граѓаните ќе можат да ги повлечат во целост, повторувам, во целост, без ограничување на износот. Во таа смисла, клиентите немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка“, рече гувернерот, претставувајќи ги трите нови олеснителни мерки за корисниците на банката Од следната недела се воведуваат три ...
Нови мерки, нови најави, но за компаниите кои имаат сметки во АЛТА банка АД Битола – повторно ништо конкретно. И по денешната прес-конференција на гувернерот Трајко Славески, останува отворено најважното прашање: како фирмите ќе ги исплатат вработените и ќе ги подмират редовните обврски ако нивните средства се во АЛТА банка, а примателите на плаќањата имаат сметки во други банки? Славески денеска најави постепено олеснување на ограничувањата ...
Од понеделник, 9 ноември неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажни места со платежните картички на „Алта банка“ се зголемува од 10.000 на 15.000 денари, соопшти гувернерот на Народната банка Трајко Славески. Гувернерот најави три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и ...
Народната банка ќе обезбеди превоз за пензионерите и примателите на социјална помош од Ресен, Прилеп и Охрид до филијалата на Алта банка во Битола, за да ги подигнат средствата. Автобусите се најавени за утре, 7 ноември, соопшти гувернерот Трајко Славески на прес-конференција. Според него, организирањето превоз е логистички поедноставно отколку носењето готовина во филијалите во трите града. Битолската филијала ќе работи и во сабота. ...

