Најден е мртов рис денеска, ретко и заштитено животно од загрозеен вид и еден од симболите на Македонија. Македонското еколошко друштво објави дека по дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“ констатирале дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. „Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко ...
Ловџии денеска откриле угинат рис на патот Преспа-Ресен, по што го известиле Македонското еколошко друштво (МЕД). Станува збор за едно од најретките и најзагрозените животни во македонската природа, а според проценките, во дивината има само педесетина единки од балканскиот рис. „По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со ...
По случајот со усмртениот рис на патот Ресен-Охрид, Македонското еколошко друштво (МЕД) предупреди дека е неопходно да се изградат зелени мостови за животните со цел безбедно да ги минуваат сообраќајниците. ,,Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат само уште 50-ина единки на балканскиот рис. Истовремено, тие се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и ...

