Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар објави велигденско послание до верниците: Возљубени чеда на Христовата Светлина! Денес каменот е оттурнат не само од Гробот Господов, туку и од срцата човечки. Денес тишината на смртта е разбиена од громогласниот повик на Животот. Денес, во оваа света ноќ, кога смртта и Животот се среќаваат во Новиот Ерусалимски Гроб, кога Рајот се отвора и ја прима Божјата светлина, ние стоиме пред тајната на Вечниот ...

Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар упати силно велигденско послание до верниците, во кое покрај духовната порака за Воскресението Христово, испрати и сериозна опомена за состојбите во општеството. Во обраќањето, владиката нагласува дека Воскресението не е само спомен, туку жива сила што го осветлува патот на човекот и ја победува смртта, гревот и очајот. „Христос воскресна не за Себе, туку за нас – за да нè ослободи од гревот и да ни ...