Бетис и Севиља ремизираа 2-2 во градското дерби од 26-тото коло од Ла Лига. Мечот започна спектакуларно. По брз продор на Ез Абде и ударот на Кучо Ернандес, Антони со мајсторски ножички донесе водство за домаќините од 1-0. Следуваше уште еден спектакуларен погодок, кога Абде одлично го пронајде Алваро Фидалго, кој со удар со надворешна страна на ногата ја затресе мрежата на Влаходимос за 2-0. Севиља се врати во игра во второто полувреме. Во ...

Големите ривали Бетис и Севиља ремизираа со по два постигнати гола на „Ла Картуха“ во градското дерби од 26. коло во Примера. Од овој исход може да жали екипата на Мануел Пелегрини која што испушти два гола предност и можност да го победи својот лут ривал по вторпат оваа сезона. Бетис отвори одлично, а бразилскиот Антони со атрактивни „ножички“ донесе водство во 16. минута, а пред крајот на полувремето и Алваро Фидалго зголеми на 2-0. Надежта ...