Љупче Дориев веќе некое време игра на навистина високо ниво во дресот на Согдиана, а тие изданија и партии му донесоа едно навистина престижно признание. Имено поранешниот македонски репрезентативец ја доби наградата за најдобар странски фудбалер во Узбекистан што е сосема заслужено ако се земе предвид дека е втор стрелец во шампионатот со 16 голови зад Игор Сергеев (домашен играч) кој постигна 20 погодоци, но ако екипа која се бореше за самиот ...

Македонскиот 30-годишен фудбалер Љупче Дориев благодарение на одличните настапи во дресот на Согдиана доби големо признание во Узбекистан. Препорачано Нашиот напаѓач е прогласен за најдобар странски играч во узбекистанскиот шампионат. Претходно годинава Дориев доаѓаше и до награди за играч на месецот. Македонецот во 2551 минута помината на фудбалските терени во Узбекистан, или на 30 натпревари, запиша 16 голови и шест асистенции. Согдиана го ...