Непосредно пред најавените разговори во Вашингтон, Копенхаген стана сцена на јасна и недвосмислена политичка порака. Данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, настапија заедно, ставајќи крај на сите шпекулации околу иднината на арктичкиот остров. Повод за прес-конференцијата беа засилените изјави од САД и најавената средба на данската делегација со највисоки американски функционери. Фредериксен ...
Кризата за Гренланд влегува во нова фаза откако Данска и автономната влада во Нук договорија средба во Белата куќа со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, закажана за среда, 14 јануари 2026. Разговорите доаѓаат по обновените изјави на Доналд Трамп дека САД треба да ја преземат контролата врз островот, реторика што во Копенхаген и Нук се чита како директен удар врз суверенитетот и безбедносната архитектура ...
Копенхаген, 15 јануари 2026 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен потврди дека Данска и САД имаат фундаментални разлики за иднината на Гренланд во услови на искажаните намери на американскиот претседател Доналд Трамп да го поседува островот, објавија гранцските медиуми. Вашингтон и Копенхаген се согласија да формираат работна група, но „тоа не го менува фактот дека имаме фундаментални разлики бидејќи решеноста на САД да ја преземат ...

