Цената на златото штотуку достигна максимум од повеќе од 40 години, прилагодена за инфлација. На тие нивоа, златото има поголема куповна моќ отколку на својот врв во јануари 1980-та година, кога изнесуваше 850 долари – или 3.524 долари во денешни пари, пишува уредникот на „Bloomberg“, Арон Браун. Кога цените на златото растат, обично има два фактори во игра: страв од инфлација и страв од финансиска репресија како санкции и контрола на капиталот. ...
Додека економските турбуленции и инфлацијата ја нагризуваат вредноста на парите, оние што навреме го препознаа сјајот на златото и дел од своите заштеди ги претворија во жолти плочки, денес задоволно тријат раце. Анализата на движењето на цената на златото во изминатата деценија покажува дека Македонците кои инвестирале во овој благороден метал не само што ги заштитиле своите пари, туку и оствариле импресивен раст на своето богатство, далеку ...

