„Ги дадов документите на ФЕИТ, ама не знам дали ќе останам таму. Веќе ме примија во Словенија“, ни изјави девојка што заедно со двајца другари стоеја на техничкиот кампус на УКИМ. Денес е првиот ден од првиот уписен рок на најголемиот универзитет во земјава – „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде годинава има 9.921 место за бруцоши. На техничкиот кампус се наоѓаат зградите на четири факултети, Факултетот за електротехника и информациски ...
Најголем број слободни места и најголем интерес кај идните студенти и оваа година бележи Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-(ФИНКИ). Големиот интерес се должи на популарноста на професијата и можноста за унапредување во истата, вели деканот Јакимовски, современи студиски програми, но и можност квалитетните студенти да бидат вработени навремено и нивниот труд да биде соодветно вреднуван не само кај нас, туку и во светски ...