Кремљ соопшти дека прекинот во мировните преговори меѓу Русија, Украина и САД е привремен и условен од тековните околности. – Станува збор за ситуациска пауза, настаната од очигледни причини – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашања за времетраењето на застојот. Тој изрази очекување разговорите да продолжат штом трите страни се усогласат околу нов распоред, особено кога САД ќе можат „да посветат поголемо внимание“ ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Иран во пракса ја покажал својата подготвеност за мировни преговори со САД и останува отворен за нивно продолжување. „Што се однесува до отвореноста на Иран за мировни преговори, Иран го потврди ова во пракса и, всушност, до последниот момент, пред почетокот на непријателствата, до моментот на првиот удар врз Иран, Техеран остана отворен за продолжување на преговорите“, изјави Песков пред ...