Со позитивни впечатоци и зголемен интерес за домашните производи започна првиот ден од „4. CHINA-CEEC EXPO & International Consumer Goods Fair“ што се одржува во Нингбо, Народна Република Кина. На саемот учествува и македонска делегација, заедно со претставници на македонски компании кои активно се претставуваат пред азискиот и меѓународниот пазар. Македонските производи, препознатливи по својот квалитет, успеаја да привлечат внимание и ...

Витаминка годинава е дел од 4. издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair (Меѓународен саем за потрошувачки производи), кој се одржува од 22 до 25 мај 2025 година во Нингбо, Кина. Настанот, кој претставува единствен национален институционален саем во Кина посветен на соработката со земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), на едно место собира стотици компании, со цел унапредување на трговијата и економската соработка ...