Седум лица се приведени денеска по завршувањето на дербито меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи, одиграно на спортскиот комплекс на Фудбалската федерација на Македонија „Петар Милошевски“, соопшти МВР. Препорачано Тие фрлале пиротехнички средства и дрско се однесувале кон полицијата. „Денеска (30.11.2025) по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје ...

Од МВР го потврдија случајот со пронајдениот труп во водите на Вардар кај Велес. Станува збор за безживотно женско тело. - На 30.11.2025 во 14:00 часот во СВР Велес е пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на село Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, соопштија од полицијата. Увид на местото извршила увидна екипа ...