Пелистер продолжи со серијата импресивни изданија од стартот на новата година, откако битолчани стигнаа до четвртата победа во низа во Супер-лигата во 2026. Неколку дена откако во салата во Маџари го совладаа истоимениот тим, избраниците на Боро Даскаловски на истото место славеа убедливо и над тимот на Феникс (80-95), потврдувајќи дека во топ-форма ќе го дочекаат завршниот турнир од Купот на Македонија. Денешниот меч беше израмнет само во ...

Кошаркарите на Пелистер славеа победа на гостувањето кај Феникс 2010, триумфирајќи со убедливи 80-95 во натпреварот од петнаесеттото суперлигашко коло. Првиот период се одигра во крајно израмнета игра, но гостите од Битола зададоа сериозен удар во втората четвртина, која ја добија со 29-13, најавувајќи дека се крајно расположени за освојување на бодовите. Големата предност од паузата се задржа и во второто полувреме, иако домаќините се ...