Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше одлични 45 минути против Реал Мадрид на „Местаља“, а се истакна со една од своите интервенции. Течеше 19 минута кога најголемата фудбалска ѕвезда на кралскиот клуб, а можеби и во светот, Килијан Мбапе, шутираше откосо. Димитриевски беше маркиран затоа што пред него имаше соиграчи, но со класа одбрана го сопре Французинот. #ValenciaRealMadrid #LALIGAEASPORTS #TodoElFutbolEnOrange ...

Македонскиот голман повеќе од еден час ја чуваше празна својата мрежа, во тој период одбрани неколку удари на силниот противник. Димитриевски првпат капитулираше во 65. минута кога Карерас даде гол, нашиот голман беше во расчекор и не можеше да ја фати топката. Конечните 2-0 беа дело на Мбапе кој во 91. минута даде гол по асистенција од Дијаз. Македонскиот голман повеќе од еден час ја чуваше празна својата мрежа, во тој период одбрани ...