Обвинителството отвори постапка против 52-годишен скопјанец осомничен за семејно насилство врз својата 32-годишна вонбрачна партнерка, која е во вториот месец од бременоста. Според обвинението, за време на расправија, тој ја удирал со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и гребаници, отоци и хематоми на главата и телото. Жртвата почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да и помогнат, но нејзиниот дваесет години ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, при вршење семејно насилство во домот на улицата “Рајко Жинзифов”, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста. Во расправија, тој започнал жената да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и телесни ...