ChatGPT доби нова функција која за почеток е во бета верзија и достапна само за корисниците кои плаќаат месечна претплата. Истата ќе го направи овој „четбот“ да биде и како личен асистент, односно да извршува команди слични како тие кои сме научени да ги гледаме кај Siri и Google Assistant. Новата функција на корисниците им овозможува да креираат потсетници директно во ChatGPT и соодветно да добијат известување во времето кое го имаат избрано. ...

OpenAI ја фрли ракавицата во лицето на сите технолошки компании кои се фалат со своите виртуелни асистенти. Имено, како што најавија, во ChatGPT воведоа бета верзија на функцијата Tasks. Објаснувајќи што е тоа, OpenAI истакна дека Tasks ќе им овозможи на корисниците на ChatGPT да бараат завршување на некоја задача во иднина – од потсетник за купување билети за фудбалски натпревар до извештај за временската прогноза или условите на патот. ChatGPT ...