„Не бараме сочувство, бараме одговорност“, порача учесничка на протестот во Скопје по трагедијата во Богданци, во која животот го загуби 17-годишната Билјана Кириќ. Демонстрантите побараа конкретни санкции за институционалните пропусти, итни законски измени за заштита од насилство и разрешување на функционерите кои со своите јавни ставови го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените. Во Скопје започна протестниот марш против ...
Денeска во Скопје, во паркот „Жена Борец“, во организација на неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ граѓаните се собираат на мирен протест по смртта на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, со барање за правда и одговори за постапувањето на институциите пред нејзината смрт. „Ниту една повеќе!“ и „Не бараме сочувство. Бараме одговорност“ се пораките со кои учесниците повикуваат на навремена и ефикасна заштита на жените и девојките што ...

