Само во еден ден до полицијата пристигнале шест пријави за семејно насилство, а тројца од насилниците веќе се лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во два од случаите жртви биле и малолетни деца од кој во еден од случаите таткото, карајќи се со сопругата, си ја нападнал ќерка си со тврд премет, а во другиот мајка била пријавена дека го тепа сопственото дете, а во полиција пријавил сопругот. За дел од ...
На 12.03.2026 околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, во неговиот дом во село во општина Центар Жупа, од слобода го лишија Ј.Р.(48). Тој претходно, во семејниот дом, предизвикал вербална расправија со сопругата и малолетната ќерка, по што со тврд предмет ја нападнал малолетничката. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.03.2026 во 16:30 ...

