Екипата на Македонија Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога, дома го победи Шкупи (3-0) и ја прекина негативната низа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во која осум меча немаше победа. „Лавовите“ беа во криза, но оваа пролет ја започнаа со реми кај Брера Струмица. Победата над фенерџијата добро ќе дојде за тимот кого го чека борба за опстанок каде конкуренцијата е голема. Шкупи, пак, останува без победа и по 18 кола и шансите ...

Екипата на Македонија Ѓорче Петров со убедлива победа од 3-0 над Шкупи стави крај на резултатската криза и ја запиша првата пролетна радост во Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ од самиот старт покажаа дека трите бода остануваат во Ѓорче Петров. Веќе во 10. минута Хамзиќ најдобро се снајде во шеснаесетникот и го отвори резултатот, најавувајќи сигурно попладне за домашниот состав. Само неколку минути подоцна следуваше уште поубав ...