Живанилдо Виеира де Соуса е далеку попознат на светската спортска јавност само како Хулк, а овој прекар дефинитивно го оправда низ годините поради импресивните физички предиспозиции, но и поради разорниот шут кој често е кошмар за голманите. Бразилскиот напаѓач веќе со години настапува за Атлетико Минеиро и продолжува да решета и на 39-годишна возраст, па рано утрово достави и своја кандидатура за „Пушкаш“ наградата која ја доделува ФИФА. ...

Фудбалерите на Атлетико Минеиро го победија Итабирито со 7:2 во првенството на бразилската држава Минас Жераис, а прво име на натпреварот беше Хулк. Искусниот напаѓач постигна хет-трик, а особено се истакна со слободен удар. Покрај Хулк, Виктор Иго, Густаво Скарпа, Матео Касиера и Ренан Лоди постигнаа голови за Минеиро, додека Ромарио и Матеус постигнаа голови за Итабирито. Хулк запиша погодоци во 31 и 52 минута, а еден од неговите голови ...