Да им се помага на луѓето во решавањето на нивните проблеми и унапредувањето на квалитетот на нивниот живот е во основата на лекарската професија, а кога влегувате со вакви намери во политиката се отвораат можности да им помогнете на луѓето во многу сфери од нивното живеење, вели во денешното интервју за Фактор, д-р Софија Пејкова, директорка на Клиниката за пластична хирургија, која на претстојните локални избори влегува во политичките води ...
-Ако направите една паралела, ќе видите дека принципите на работа на лекар и принципите на работа на советник во основа се истите. Како лекар секојдневно се среќавам со пациенти и ги слушам и решавам нивните здравствени проблеми. Многу често покрај здравствените проблеми тие ги споделуваат и проблемите во нивните семејства и средината во која живеат. Ако најпрво ги слушаме луѓето и ги разбереме нивните проблеми, можеме понатаму да ја насочиме ...