Изборот на Радмила Шекеринска за заменик на генералниот секретар на НАТО не е само добра вест за Македонија, туку и важна порака за нас, за соседите и за ЕУ. Со нејзиниот избор на земјава ѝ се оддава признание за сѐ што направи на трнливиот пат кон членството во алијансата. Шекеринска како министер за одбрана понесе голем товар во процесот на уривањето на пречките и опструкциите на тој пат. Беше грубо нападната од „уставобранителите“ кои ...

Ѓорѓи Спасов: Фактот што Марк Руте бирал меѓу Шекеринска и Марија Габриел која беше европратеник, еврокомесар и министер за надворешни работи на Бугарија од 2023 до 2024 година, и се определил за Шекеринска е порака за Бугарија. Секако дека бил во прашање и капацитетот на личностите, но била во прашање и надворешната политика и политичката реторика на тие две личности. Во актуелниот спор меѓу Бугарија и Македонија ова е порака дека ставовите на ...