Уште една добра партија на нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски за својот Тренто. Вечерва во меч од 14.коло, неговиот тим во еден драматичен финиш успеа на свој терен да слави против составот на Трст со 89:87. Македонецот овој меч го заврши со 12 поени, 4 скокови и една асистенција а во игра беше 30 минути и беше еден од најдобрите поединци на оваа средба. Инаку ова беше шеста победа на Јакимовски и неговите соиграчи во Лега А со која ...
Андреј Јакимовски и неговите колеги од Тренто успеаа со голем пресврт да го совладаат Трст со 89:87 во италијанскиот шампионат. Гостите доминираа во првото полувреме во кое постигнаа 52 поени (52:36), предност која ја сочуваа и по третата четвртина што значеше дека на домаќините ќе им биде потребен пеколен последен период за да остварат позитивен резултат. Токму тоа се случи, кошаркарите на Тренто го спуштија противникот на само 6 поени ...

