Мерцедес тргна најмоќно на почетокот на новата ера во Формула 1 и издоминира во квалификациите за трката за ГН на Австралија, обезбедувајќи си еден-два триумф и старт на Џорџ Расел и Кими Антонели од првата линија. Германскиот тим потврди дека засега обезбедува најдобри перформанси од погонските единици кои се направени според новата регулатива и дебитираат токму во Мелбурн, а пријатно изненадување во првата тројка беше Исак Хаџар од тимот на ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на првата трка од новата сезона во Формула 1, откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Австралија во Мелбурн. Британецот доминираше во сите три квалификациски сесии и сосема заслужено дојде до првото стартно место. Одличен ден имаше и неговиот тимски колега Кими Антонели, кој ќе стартува од втората позиција и со тоа го комплетираше одличниот настап на Мерцедес. ...