„Колку е важна одбраната за нас, се гледа по тоа колку вложуваме во неа. А, во изминатите десет години не ни беше толку важна“, рече Каја Калас, специјалниот пратеник на ЕУ за надворешна политика, при претставувањето на новата одбранбена стратегија во Брисел. Таа додаде дека од 1945 година светот не видел такви пресврти и дека е дојдено време да се дејствува. Европската комисија (ЕК) ја претстави таканаречената „Бела книга“ за одбранбените ...

Европската унија во средата објави план за ставање крај на својата одбранбена зависност од Соединетите држави, со фокус на купување повеќе оружје во Европа, а има знаци дека Канада може да се приклучи. Европската комисија ја претстави својата безбедносна стратегија „Подготвеност 2030“, во која главната грижа е заканата од руска агресија. Разузнавачките проценки на НАТО сугерираат дека Русија би можела повторно да нападне земја во Европа за три ...