Кошаркарската репрезентација на Македонија ја забележа четвртата победа во четвртиот меч од претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2029 година. Нашиот национален тим во Баку славеше кај Азербејџан (78-70). Со скор 4-0, Македонија е апсолутен лидер во групата и нема шанси да го загуби пласманот во следната рунда, освен со некое неверојатно лудо сценарио. Кошаркарите на селекторот Берокал си ја завршија задачата, иако до победата се ...

Избраниците на Жозеп Мариа Берокал режираа пресврт во Баку, бидејќи одиграа опуштено прво полувреме и потоа мораа да се измачат за победата. Од стартот домашната селекција влезе мотивирано и играше на високо ниво. Тоа се одрази на резултатот кој во првиот дел во еден момент беше 43-25 за Азербејџанците. Сепак, до крајот на првиот дел направивме добра серија со која на одмор заминавме со минус од 44-37. Во продолжението Македонија и без ...