Крајно сомнителна ситуација за која долго ќе се зборува, ако Шпанија не успее да ја освои светската титула, во првото продолжение од финалето на СП 2026. Нико Вилијамс постигна гол за Шпанија на почетокот од првото полувреме, но словенечкиот судија Славко Винчиќ веднаш го поништи голот, поради наводен прекршок од Мерино врз Отаменди на почетокот од акцијата. Од неколку различни агли, ако се гледа ситуацијата, крајно сомнително…. Но, проценете ...
Нико Вилијамс во продолжението ја погоди празната мрежа на Аргентина, но сепак, резултатот од големото финале на СП остана оној од почетокот (0-0). По една мешаница во казнениот простор на светскиот шампион Мартинез го одбрани ударот на Мерино, а во продолжение Вилијамс погоди за голема радост на Шпанците. Но, Винчиќ веднаш се огласи и не покажа на центарот, туку прекршок за Аргентина. Наводно, асот на Арсенал го фаулирал Отаменди и затоа ...

