Денвер рано утрово загуби од Чикаго на домашен терен со 127:130. Ниту тројниот ефект на Никола Јокиќ кој постигна 36 поени, 18 скока и 13 асистенции не беа доволни Нагетс да го избегнат поразот. На другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати: Кливленд – Милвоки 118:106 Детроит – Индијана 127:112 Њу Орлеанс – Оклахома 109:126 Минесота – Далас 120:96 Торонто – Шарлот 110:108 Мајами – Њујорк ...

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл, на трет последователен натпревар во НБА-лигата. Во натпреварот одигран ноќеска на гостински терен против Њу Орлеанс пеликанс (125:118), Србинот постигна 28 поени, 11 скока и додаде 12 асистенции. Во претходниот натпревар против Чикаго булс (127:130), Јокиќ постигна 36 поени, 18 скока и додаде 13 асистенции. Во натпреварот со Минесота тимбервулвс (123:112), тој имаше 27 поени, 12 скока ...