Американскиот претседател Џо Бајден ја изрази својата поддршка за Израел за време на неговата посета на таа земја во екот на војната меѓу израелските сили и милитантното палестинско движење Хамас. Во обраќањето со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Бајден рече дека САД ќе се погрижат Израел да има сѐ што е потребно за да се брани. По експлозијата во болницата во Газа во која загинаа стотици луѓе, а палестинските власти го обвинуваат Израел, ...
Американскиот претседател Џо Бајден по пристигнувањето во Тел Авив изјави дека „сака да биде овде денес“. – Сакав да бидам овде денес. Од едноставна причина, сакам народот на Израел, луѓето во светот да знаат каде стојат САД – рече тој на заедничката конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој додаде дека САД тагуваат по Израел. Бајден рече дека Хамас „извршил зли злосторства што ја прават Исламската држава да изгледа донекаде ...