Сопственик на оваа поликлиника во Приштина е Дритон Шуки, кој има бизниси и во Косово и во Македонија, а е добро поврзан и со косовските и со албанските политичари од Македонија. Според косовската полиција Шуки (47) на 17 ноември бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје. И македонската полиција е дел од истрагата за овој случај. Шуки во изјава за косовски ...

Косовската полиција минатата недела го сослушала македонскиот бизнисмен Дритон Шуки во врска со украдена медицинска опрема од Македонија, објави „Радио Слободна Европа“. Шуки, кој во 2019 година донирал 32.000 евра на ДУИ, е сопственик на косовската поликлиника „Авицена КС“, која според истрагата на косовската полиција купила украдена медицинска опрема вредна 45.000 евра за 10.000 евра. Не е познато за каква медицинска опрема станува збор, ниту ...