Германската деловна доверба се влоши на најлошото ниво од раните месеци на пандемијата поради зголемената загриженост дека рекордната инфлација и ограничените резерви на енергија од Русија ќе ја доведат најголемата европска економија во пад. Индексот на доверба објавен денеска од страна на Институтот Ifo со седиште во Минхен падна на 80,3 во јули од 85,8 во јуни. „Германија е на работ на рецесија“, рече претседателот на Ifo, Клеменс Фуест. ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повторно ги намали прогнозите за раст на светската економија, предупредувајќи на ризиците од високата инфлација и војната во Украина, што би можело да ја турне светската економија на работ на рецесија. Растот на глобалната економија во 2022 година ќе забави до 3,2 отсто, објави ММФ, намалувајќи ја прогнозата од април, според која беше проектиран на 3,6 отсто, според ажурираните прогнози кои ги вклучуваат само ...