Наполи и Јувентус ќе ги одмерат силите во еден од најинтересните натпревари од 14. коло во Серија, дерби битка закажана за в недела од вечерниот термин 20:45 часот. Актуелните шампион се прикажаа во подобро светло во досегашниот тек на шампионатот и во мечот ќе влезат со пет бода повеќе од „бјанконерите“. Двете екипи имаат проблеми со повредени играчи и тоа може да влијае врз квалитетот на играта, ама дерби е дерби и оние кои ќе бидат подготвени ...
Иако не е толку убедлив како минатата сезона, Наполи е сè уште главен фаворит или барем еден од двата главни за „скудетото“. Кризата на „наполитанците“ во која беа пред ноемвриската репрезентативна пауза е минато. Антонио Конте беше бесен по поразот во Болоња, но ја искористи паузата за да го крене тимот. Оттогаш, имаат четири последователни победи во сите натпреварувања и нивната самодоверба е зголемена. Сега се соочуваат со веројатно ...

