САД ќе ja поддржуваат Украина додека не се гарантира нејзиниот безбедносен суверенитет, вети денес државниот секретар Ентони Блинкен при посетата на Киев, во време кога Русија организира нови напади на истокот на земјата. Високиот американски дипломат е првиот висок американски функционер кој отпатува во Украина, откако американскиот Конгрес минатиот месец го усвои пакетот воена помош од 61 милијарда долари, по неколкумесечно одложување, во кое ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од американскиот државен секретар Антони Блинкен системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ за градот Харков, кој е цел на руски ракетни напади. Два од овие системи се неопходни за заштита на вториот по големина град во Украина и неговата околина, која граничи со Русија, рече Зеленски во Киев за време на ненадејната посета на Блинкен. Американската помош за кампањата против Русите беше од клучно ...