По вчерашниот протест на Независниот синдикат на професионални војници за еднаков третман и исправување на, како што велат, неправдата направена со законските измени за исплата на отпремнини, најголемата опозициска партија денеска најави дека ќе поднесе законско решение во Собранието со кое ќе бидат опфатени барањата на професионалните војници за еднакви права, повисоки плати и посигурни услови за работа и пензионирање. Од партијата велат ...
СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање. Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива. Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум. По кој основ луѓето кои со години и служеле на ...
Професионалните војници бараат повисоки плати, договори на неопределено време и еднакви отпремнини при пензионирање. СДСМ најави законски предлог, а Министерството за одбрана најавува зголемување на платите од јануари 2027 година. Сè уште нема објавени детали за финансиските последици од најавеното законско решение. Професионалните војници бараат трајно решавање на статусот, повисоки примања и еднаков третман при заминувањето од Армијата, ...

