OpenAI ја претстави втората верзија од нивниот јазичен модел за генерирање на видео содржина, Sora 2, а овој пат од компанијата претставија и посебна апликација специјално за видеа. Sora е името на апликацијата и за почеток е достапна на iOS за корисниците кои имаат добиено покана, а пуштањето ќе оди постепено, меѓу другото и поради безбедносни причини, нешто на кое од компанијата даваат посебно внимание, наводно. Од OpenAI истакнуваат дека Sora ...

Помина повеќе од една година откако OpenAI го најави Sora – својот модел за генерирање видео и аудио. Сега OpenAI ја претстави првата големо надградба со Sora 2, кој може да креира пореалистични и физички точни видеа, заедно со подобрена контрола и можности за уредување за корисниците. Опишана како „момент како GPT 3.5“, Sora 2 исто така носи подобрено аудио со синхронизиран дијалог и звучни ефекти. Sora 2 успева да избегне вообичаени проблеми ...