Хуманитарното здружение „ДОСТ ЕЛИ“ од Банско – Струмица организира акција за собирање помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.Граѓаните можат да донираат и во Џамијата во селото Банско. Апелираат до сите граѓани и фирми во рамките на своите можности да уплатат пари на Хуманитарно здружение „ДОСТ ЕЛИ“ Струмица, жиро сметка: 270-0672914201-41 Халк Банка, со назнака: За помош на настраданите во Турција и Сирија. Контакт: 075 303 ...
Европската унија се подготвува да испрати уште шатори, ќебиња и шпорети за да им помогне на луѓето погодени од разорниот земјотрес во Турција. Ова го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави ДПА. ЕК исто така го повикува приватниот сектор да ја даде потребната поддршка што е можно поскоро, изјави нејзиниот портпарол по разговорот меѓу двајцата ...