Машката ракометна репрезентација на Словенија обезбеди пласман во втората фаза на Европското првенство по вистинска драма и спектакуларен пресврт во вториот натпревар од групната фаза. Словенците во Осло одиграа натпревар за паметење, откако по катастрофалното прво полувреме и негатива од девет голови на стартот од вториот дел, успеаја целосно да го свртат текот на мечот и да слават со 38-35 (14-20). Со неверојатна енергија, агресивна одбрана ...

Данска продолжува да демонстрира моќен и шампионски ракомет во Хернинг, па така оваа вечер продолжи да остварува убедливи победи, овојпат над селекцијата на Романија. По триумфот над нашата селекција со 12 голови разлика, актуелниот светски и олимписки шампион ја наполни и мрежата на Романија, а сите ние се надеваме дека во ист ритам ќе продолжи и со Португалија за два дена. Романците немаа што да бараат во пресметката со фаворизираните Данци ...