Православниот празник Богојавление – Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци. Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се положува крстот во сите девет села. Во Пустец, седиште на Општината, по богослужбата ...
Во Пустец, седиште на Општината, по богослужбата во црквата „Свети Атанасиј“ што ја одржа отец Темелко, осветениот крст беше положен во езерските води, а најсреќен беше Данко Марко. Тој посака здравје, среќа и благосостојба за сите. На своите сограѓани во Општина Пустец, празникот им го честиташе градоначалникот Пали Колефски. „Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосостојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат ...

