Прво финале од Ѕвездите на Гранд без Саша Поповиќ: „Еден глас со години одлучуваше за судбините, но сега го нема - го нема Сале“ „Недостасува еден глас кој со години одлучуваше за судбините. Една реченица што сите ја очекуваа со нетрпение, држејќи го здивот, со надеж во очите: ‘Оди понатаму, оди понатаму...’ Но, оваа година тој глас го нема. Го нема Сале. Го нема неговиот поглед што гледаше потенцијал и таму каде што другите не го гледаа...“ ...

Синоќа се одржа големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а ласкавата титула му припадна на Никола Станишиќ (25) од Македонија. Кандидатот од тимот на Цеца Ражнатовиќ триумфираше со најмногу гласови од публиката. Победничката статуа ја додели Сузана Јовановиќ, вдовицата на Саша Поповиќ, долгогодишниот директор и основач на „Гранд продукција“. Оваа година беше воведена и посебна награда – плакета со името на Саша Поповиќ, ...